Поради сомневање за злоупотреби, Владата му наложи на ЕЛЕМ да го поништи тендерот за набавка на на опрема за ископ на јаловина во РЕК Битола, во вредност од 34 милиони евра што на 15 јуни го распиша директорот Христијан Мицкоски. Со тендерот требаше да се набават камиони, багери, булдожери.
„Владата одлучи да му наложи на надзорниот одбор на ЕЛЕМ да ја поништи одлуката за распишаната јавна набавка и за тоа да биде известена. Владата на Република Македонија го поддржува обезбедувањето сопствена механизација на ЕЛЕМ, наместо долгогодишните користења механизации од надворешни фирми, за што се трошени огромни суми пари на граѓаните, но за конкретниот случај има сериозни индиции за тендерски пропусти и фаворизирања фирми поради што се презема овој чекор“, соопшти владината служба по денешната седница.