ВЛАДАТА ОБЈАВИ ТЕНДЕР ЗА УНИВЕРЗАЛЕН СНАБДУВАЧ СО СТРУЈА, КОЈ ТРЕБА ДА ПОЧНЕ СО РАБОТА ОД МАРТ 2019

    ВЛАДАТА ОБЈАВИ ТЕНДЕР ЗА УНИВЕРЗАЛЕН СНАБДУВАЧ СО СТРУЈА, КОЈ ТРЕБА ДА ПОЧНЕ СО РАБОТА ОД МАРТ 2019ЕЛЕМ следната година ќе треба 80 отсто од своето производство да отстапи на универзалниот снабдувач, а секоја година овој процент да се намалува за 10 отсто;- РЕК „Битола“ (Фото: СДК.МК)

    Владата денес објави тендер за избор на универзален снабдувач на струја за домаќинствата. На тендерот може да учествуваат сите 28 домашни лиценцирани снабдувачи на струја во соработка со други компании од државата и странство. Критериум за учество е да имаат финансиски капацитет од најмалку 20 милиони евра и билинг систем за испорачување сметки. Од Владата очекуваат изборот на универзалниот снабдувач да заврши до крајот на годината, и од први март следната година да почне да ги снабдува домаќинствата со струја.

    Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) во наредните пет години треба да биде столб на заштита на цената на струјата за граѓаните, со тоа што ќе дава одреден процент од производството на универзалниот снабдувач. Евтината тарифа за домаќинствата и натаму ќе важи, а од Владата очекуваат цената на струјата да остане во сегашниот просек од 72 евра по мегават час.

    ЕЛЕМ следната година 80 отсто од произведената струја треба да ги даде на универзалниот снабдувач, и секоја година тој процент да се намалува за 10 отсто, така што во 2025 година ЕЛЕМ ќе биде обврзана 30 отсто од произведената струја да го дава на универзалниот снабдувач.

    „Меѓу 40 до 50 отсто од струјата што ја произведува ЕЛЕМ е доволна за задоволување на потребите на домаќинствата, тоа значи дека интересот на граѓаните е заштитен наредните пет години“, рече вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

    Универзален снабдувач ќе се бира еднаш на пет години, а во случај тендерот да е неуспешен ќе важат сегашните правила за снабдување со струја.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира