ВЛАДАТА РАЗРЕШИ 70-ТИНА ФУНКЦИОНЕРИ, ВАСКО КОВАЧЕВСКИ НОВ ДИРЕКТОР НА ЕСМ

    ВЛАДАТА РАЗРЕШИ 70-ТИНА ФУНКЦИОНЕРИ, ВАСКО КОВАЧЕВСКИ НОВ ДИРЕКТОР НА ЕСМПремиерот Зоран Заев претходно ги најави смените, а покрај ЕСМ, разрешени се директорите на МЕПСО, Македонија пат, Клиниката за детски болести, Драмски театар, МАЛМЕД и на Архив. - Од денешната владина седница (Фото: Влада на РСМ)

    Владата на денешната седница донесе одлука да разреши или да отповика или да препорача разрешување или отповикување на 70-тина директори на државни институции и компании и членови на совети и на управи.

    На седницата, Владата донесе одлуки и за препораки до управни и надзорни одбори за избори на нови членови, па така на надзорниот одбор на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) му е препорачано Васко Ковачевски да биде избран за нов директор. Ковачевски е поранешен пратеник и актуелен директор на РЕК Битола. Тој доаѓа на местото на Драган Миновски.

    Претходно денеска, премиерот Зоран Заев ги најави смените, а покрај ЕСМ, разрешени се директорите на МЕПСО Сашо Василевски, Македонија пат Гајур Кадриу, Клиниката за детски болести Катерина Ставриќ, Драмски театар Викторија Рангелова, МАЛМЕД Ќахил Ибраими и на Архив Кирил Петров.

    Листа на разрешувања:

    • Агенција за катастар на недвижности – член на УО Ивица Михајлоски
    • Друштво фабрика за шински возила Велес ДООЕЛ Велес – член на НО Меџат Муртезани
    • ЈЗУ Здравствен дом Русе Бошковски – Ростуше – член на УО Доста Тортевска
    • ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – член на НО Живка Иванова
    • Фонд за иновации и технолошки развој член на УО Дафина ГешоскаЈЗУ Здравствен дом Вевчани – член на УО Виолета Баткоска
    • ЈЗУ Здравствен дом Демир Хисар – член на УО Зоран Котевски
    • ЈЗУ Општа болница Велес – член на УО Филип Зафиров
    • ЈЗУ Општа болница Охрид – член на УО Катерина Лазороска Јанческа
    • Агенција за катастар на недвижности – член на УО Берат Бајрами
    • Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот на РСМ – член на УО Верда Фазлиова
    • АД за производство на електрична енергија Електрани на Северна Македонија во државна сопственост – независен член на одбор на директори Садудин Ибраими
    • ЈЗУ Универзитетска клиника за кардиологија – член на УО Валдет Велиу
    • ЈЗУ Универзитетски институт за радиологија – член на УО Авни Елези
    • ЈЗУ Универзитетски стоматолошки клинички центар Свети Пантелејмон Скопје – член на УО Ајсел Илјази
    • ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – член на УО Атула Ибраими
    • ЈП за стопанисување со државните шуми НАЦИОНАЛНИ ШУМИ Скопје – член на УО Мегди Ајдари
    • ЈЗУ Центар за јавно здравје Струмица – член на УО Ристо Ангелов
    • ЈП за водостопанство Лисиче Велес – член на УО Илија Патриков
    • ЈП Службен весник на РСМ – член на НО – Јане Стојанов
    • ЈЗУ Здравствен дом Струмица – член на УО Никола Тауков
    • ЈЗУ Општа болница Струмица – член на УО Живорад Ќурчиев
    • ЈУ за деца детско одморалиште Илинден – Гостивар – член на УО Хасип Беќири
    • ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Гостивар – член на НО Шевал Нухиу
    • Национална комисија за учебници – член Исак Алили
    • ЈУ од областа на здравството за потребите на јавните установи универзитетски клиники завод и ургентен центар Скопје – член на УО Алмир Мухареми
    • Претседател на совет на институт за акредитација на РСМ – Сумеје Селам
    • Член на УО на Фонд за пензиско и инвалидско осигурување на РСМ – Нусри Нуредини
    • Акционерско друштво Водостопанство на РСМ во државна сопственост – член на НО -Зунет Јусуфи
    • ЈНУ Институт за национална историја- Скопје – член на совет – Енес Селам
    • Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта, „Македонија пат – Скопје“ – директор Гајур Кадриу
    • ЈЗУ Здравствен Дом – Скопје – директор Злате Мехмедовиќ
    • АД МЕПСО -директор и претседател на УО, Сашо Василевски
    • АД МЕПСО – член на УО, Магдалена Чижбановска
    • АД МЕПСО – член на УО, Ненад Крстевски
    • АД МЕПСО – член на УО, Томи Божиновски
    • ЈЗУ ГАК – економски директор Ваљон Беља
    • Агенција за лекови и медицински средства, МАЛМЕД – в.д. директор Ќахил Ибраими
    • Државен инспекторат за земјоделство – в.д. директор Благој Индов
    • Државен Архив на Република Северна Македонија – директор Кирил Петров
    • ЈЗУ УК за детски болести – Скопје, директор д-р Катерина Ставриќ
    • Развојна банка на РСМ – член на Надзорниот одбор и в.д директор Кирил Колемишевски
    • Еурокомпозит – генерален директор Златко Граороски
    • НУ Драмски театар Скопје – директор Викторија Арангелова Петровска
    • ЈП за железничка инфраструктура Железници на РСМ – Скопје, директор Ирфан Асани
    • НУ, Завод за заштита на споменици на културата и музеј Охрид – директор Елеонора Новаковска
    • ЈУ Завод за рехабилитација „Бања Банско“- директор Стојанка Изова
    • Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот – директор Вулнет Адеми
    • АД за производство на електрична енергија Електрани на Северна Македонија во државна сопственост – претседател на УО и директор Драган Миновски
    • АД за производство на електрична енергија Електрани на Северна Македонија во државна сопственост – член на УО и директор за развој на инвестиции Иван Трпески
    • Управата за безбедност и контраразузнавање директор Горан Николовски и заменик директор Ариф Асани
    • Агенција за млади и спорт -заменик директор Газменд Ристеми
    • Управа за семе и саден материјал директор Хилми Гаши
    • Управа за сигурност во железничкиот систем – в.д. директор Абдулкадир Исаки
    • Служба за просторен информативен систем директор Иљами Исејни
    • Дирекција за технолошки индустриски развојни зони – заменик директор Асип Усеини
    • Биро за јавни набавки – директор Бардул Насуфи
    • Управа за имотно правни односи Велес – директор Пандорка
    • НУ Центар за култура Марко Цепенков – Прилеп – в.д. директор Менче Караџоска
    • Царинарница Скопје – Златко Кофилоски
    • Совет за унапредување и надзор на ревизијата на РСМ – претседател Премтим Исени
    • АВРМ Велес – Трајче Бабунски
    • Геронтолошки завод 13 Ноември Скопје – директор Салија Љатиф
    • Управа за електронско здравство – в.д. директор Беким Хаљими
    • Инспекциски совет – в.д. член на совет Горан Симоновски
    • ЈП за стопанисување со објекти за спорт во сопственост на РСМ – директор Шпенди Хајредин
    • Центар за социјални работи Тетово – директор Дарко Обадиќ (препорака до министер за труд и социјална политика)

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира