Владата на вечерашната седница ги прифати предлозите од Комисијата за заразни болести за нови мерки против ширење на ковид-19, кои следат откако изминативе денови драстично се зголеми бројот на новозаболени.
Владата ги прифати и ги препорача следите рестриктивни мерки :
• Не е дозволено гостување на пејачи/музички групи/диџеи во угостителските објекти кои послужуваат пијалаци и храна, вклучително и во ресторанскиот дел на угостителските објекти за сместување (хотели/мотели).
• Се ограничува максималното ниво на бучава во угостителските објекти на 55 децибели.
• Во Протоколот за отворање и работа на угостителските објекти и во Протоколот за отворање и работа на кафетериите се ограничува дозволениот максимален број на лица на една маса на 4 лица.
• Стриктно не е дозволено послужување на гости на стоење на шанк и стоечки маси како во рестораните, така и во кафетериите.
• Владата го прифати и укажувањето на Комисијата за потребата од строго почитување на забраната за работа на ноќни барови и дискотеки и потребата од преземање на ригорозни мерки од страна на надлежните институции во случај на прекршување на забраната.
Владата ја одобри и препораката на Комисијата за отворањето на училишните кујни за децата со продолжен престој со стриктно почитување на правилата за добра производствена и хигиенска пракса утврдени со Закон за безбедност на храна, како и НАССР стандардите и Протоколите за заштита од КОВИД-19, со напомена послужувањето на оброците да се реализира во училишните трпезарии водејќи сметка да не дојде до мешање на ученици од различни паралелки.
- ЗАБРАНА ЗА ПЕЈАЧИ И ДИЏЕИ ВО ЛОКАЛИТЕ, НА МАСА САМО ПО 4 ГОСТИ, ПРЕПОРАЧА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ
- ПОРАДИ НЕКОЛКУ ЛОКАЛИ ЌЕ СТРАДА ЦЕЛО УГОСТИТЕЛСТВО АКО ВЛАДАТА НЕ ДОЗВОЛИ ДА ЗАТВАРАМЕ ЗА НЕПОЧИТУВАЊЕ НА КОВИД-ПРОТОКОЛИТЕ, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ НА ПАЗАРНА ИНСПЕКЦИЈА
Б. НЕСТОРОСКА