ВЛАДЕЈАЧКОТО МНОЗИНСТВО ЌЕ РАСТЕ И ЌЕ БИДЕ СООПШТЕНО УТРЕ, РЕЏЕПИ ИМАЛ ПРИТИСОЦИ ОД ТИЕ ШТО ГО БАРААТ, РЕЧЕ КООРДИНАТОРОТ НА СДСМ МИТРЕВСКИ

    ВЛАДЕЈАЧКОТО МНОЗИНСТВО ЌЕ РАСТЕ И ЌЕ БИДЕ СООПШТЕНО УТРЕ, РЕЏЕПИ ИМАЛ ПРИТИСОЦИ ОД ТИЕ ШТО ГО БАРААТ, РЕЧЕ КООРДИНАТОРОТ НА СДСМ МИТРЕВСКИМитревски кажа дека пратеникот Кастриот Реџепи не добивал притисоци од нив како што кажа Мицкоски, тука обратно - притисоците биле од опозицијата, и тој во најскоро време тоа ќе го каже. (Фото: СДК.МК)

    Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митревски вели дека власта ќе има поголемо парламентарно мнозинство и дека тоа ќе биде соопштено утре. Тој кажа дека ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ја излажа јавноста со тврдењата дека имаат мнозинство за гласање недоверба на владата, додека цел ден е на пауза седницата за гласање оти нема кворум, затоа што пратеникот од Беса Кастриот Реџепи цел ден не е достапен.

    „Мицкоски е во право за едно нешто, дека власта има поголемо парламентарно мнозинство. Дозволете случувањата утре да ги добиете од оние кои треба да ги кажат“, кажа Митревски.

    Тој кажа дека пратеникот Кастриот Реџепи не добивал притисоци од нив како што кажа Мицкоски, тука обратно – притисоците биле од опозицијата, и тој во најскоро време тоа ќе го каже. Митревски рече и дека нема контакт со Реџепи но дека познавајќи го како колега пратеник, верува оти тој ја поддржува евроинтерграцијата на земјава.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира