ВЛАДИНО ТЕЛО ЌЕ ПРАВИ АНАЛИЗА НА ДРЖАВНИТЕ И ПРИВАТНИ УНИВЕРЗИТЕТИ, РЕЧЕ МИЦКОСКИ

    ВЛАДИНО ТЕЛО ЌЕ ПРАВИ АНАЛИЗА НА ДРЖАВНИТЕ И ПРИВАТНИ УНИВЕРЗИТЕТИ, РЕЧЕ МИЦКОСКИOнаму каде што ќе се констатираат недостатоци, Мицкоска вели треба да им се даде разумен рок тие недостатоци да бидат отстранети. (Фото: СДК.МК)

    Владата го задолжи Министерството за образование и наука (МОН) за формирање на Национално координативно тело за реформи во високото образование, наука истражување и развој чија задача ќе биде анализа на високото образование, и работата на високо научните институции со цел да се воспоставува ред и законито работење, соопшти Владата за одлуката од вчерашната седница.

    „На вчерашната владина седница формиравме тело, ја задолживме министерката за образование и наука Весна Јаневска заедно со ова тело, да излезе на терен да направи анализа на сите универзитети и факултети и државни и приватни. Онаму каде што ќе се констатираат недостатоци да им се даде разумен рок да истите, тие недостатоци да бидат отстранети. Доколку не ги отстранат недостатоците, ваквите установи ќе останат без акредитација и ќе немаат дозвола за работа“, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски на настан во Кавадарци.

    Одборот за акредитација на високото образование на  17 јуни донесе Одлука за поништување на акредитацијата на проектот за основање на Факултет за здравствени науки на приватната високообразовна установа Меѓународниот Универзитет во Струга, зад која стори струшкиот градоначалник Рамиз Мерко.

    „Со оваа Одлука на Одборот за акредитација на високото образование се поништуваат и сите други правни дејства во врска со почеток со работа на Факултетот за здравствени науки на приватната високообразовна установа Меѓународниот Универзитет во Струга“, соопшти тогаш Одборот.

    Решение за основање на овој факултет на 11 јуни донесе министерот за образование и наука во заминување е Јетон Шаќири, кој по потекло исто така е од Струга и е сопартиец со Мерко во ДУИ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира