Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев ги штити повредените колеги од СДСМ Зоран Заев и Петре Шилегов од линч, јавуваат новинарите кои исто како и пратениците се заробени во една канцеларија и апелираат за помош од полицијата.
„Насекаде има крв и искршени парчиња мебел“, јавуваат новинарите. На некои од нив им ги зеле мобилните телефони и им забраниле да комуницираат.
Со заробените новинари се и неколку пратенички на ВМРО-ДПМНЕ кои се обидуваат да ја смират толпата. Најтешко повреден е пратеникот Зијадин Села.