ВЛАТКО ЃОРЧЕВ В.Д. КООРДИНАТОР НА ВМРО-ДПМНЕ ВО СОБРАНИЕТО

    ВЛАТКО ЃОРЧЕВ В.Д. КООРДИНАТОР НА ВМРО-ДПМНЕ ВО СОБРАНИЕТОВМРО-ДПМНЕ имаше 10 пратенички групи во Собранието, а Влатко Ѓорчев не беше координатор на ниту една од нив.

    Илија Димовски се повлекува од координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. На негово место ќе дојде Влатко Ѓорчев, кој ќе биде вршител на должноста, додека не се изберат новите партиски органи, потврдуваат извори од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за САКАМДАКАЖАМ.МК.

    Одлуката за повлекување, за САКАМДАКАЖАМ.МК извори од партијата велат дека била лична одлука на Димовски, без притисоци од новиот лидер Христијан Мицковски, односно логичен потег на Димовски, по иницијативата за одлагање на партискиот конгрес каде Димовски беше потписник заедно со други видни партиски функционери.

    Димовски останува координатор на првата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ каде член е и поранешниот лидер на партијата, а сега само пратеник, Никола Груевски.

    ВМРО-ДПМНЕ има 10 пратенички групи во Собранието. Девет имаат по пет пратеници и една е со шест.

    На втората координатор е Антонијо Милошоски, на третата Зоран Илиоски, на четвртата Владанка Авировиќ, на петтата Даниела Рангелова, на шестата Панчо Минов, на седмата Димитар Стевананџија, на осмата Драган Данев, на деветтата Благица Ласовска и на десеттата Драган Цуклев. Секој координатор има двајца заменици.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира