ВЛЕЗ ВО ГРЦИЈА НА „БОГОРОДИЦА“ ОД 6 ДО 22 ЧАСОТ, ПРЕМИНИТЕ ДОЈРАН И МЕЏИТЛИЈА ОСТАНУВААТ ЗАТВОРЕНИ

    ВЛЕЗ ВО ГРЦИЈА НА „БОГОРОДИЦА“ ОД 6 ДО 22 ЧАСОТ, ПРЕМИНИТЕ ДОЈРАН И МЕЏИТЛИЈА ОСТАНУВААТ ЗАТВОРЕНИВрз основа на соодветен алгоритам, можно е патниците да бидат подложени на брз тест на граничниот премин и овие лица ќе останaт на граничниот премин сè до издавањето на резултатот од тестот. (Фото: СДК.МК)

    Од денеска Грција дозволува влез на македонски граѓани на граничниот премин „Богородица/Евзони“ во периодот од 6 до 22 часот (7 до 23 часот по грчко време), додека премините Дојран и Меџитлија остануваат затворени, соопшти грчкото Министерство за надворешни работи.

    За влез во Грција, независно од државјанството, потребно е да се пополни формулар ПЛФ на веб-страната travel.gov.gr, најмалку 24 часа пред датумот на влез. Понатаму, како што соопштија од грчкото МНР, потребно за влез е да се поседува сертификат за вакцинација, негативен ПЦР-тест не постар од 72 часа или потврда за присуство на антитела со важност од 2 до 9 месеци од датумот на дијагностицирањето на болеста.

    Од грчкото МНР велат и дека врз основа на соодветен алгоритам, можно е патниците да бидат подложени на брз тест на граничниот премин и овие лица ќе останaт на граничниот премин сè до издавањето на резултатот од тестот.
    Оваа одлука на грчката влада ќе се применува од 14 мај 2021 година до 24 мај 2021.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира