ВМРО БАРА ПАРЛАМЕНТАРНОТО МНОЗИНСТВО ДА СОЗДАДЕ УСЛОВИ ЗА РАСПИШУВАЊЕ ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ

    ВМРО БАРА ПАРЛАМЕНТАРНОТО МНОЗИНСТВО ДА СОЗДАДЕ УСЛОВИ ЗА РАСПИШУВАЊЕ ЛОКАЛНИ ИЗБОРИНа прес-конференција Антонијо Милошоски предложи три можни датуми, од кои првиот е 2 јули, а другите два се во септември и во октомври (Фото: СДК.МК)

    ВМРО-ДПМНЕ денеска побара во најкус можен рок парламентарното мнозинство да создаде услови за распишување на локални избори, за да се деблокираат општините. На прес-конференција Антонијо Милошоски предложи три можни датуми, од кои првиот е 2 јули, а другите два се во септември и во октомври.
    Ние, како партија, сметаме дека граѓаните треба час поскоро да добијат можност да ја изберат новата локална власт и предлагаме локалните избори да се одржат во најкус можен рок, во согласност со законски предвидените рокови, односно првиот термин кој сметаме дека е соодветен за одржување на брзи локални избори во интерес на граѓаните и на општините би бил 2 јули. Според нас, овој датум е најдобар за граѓаните и со одржување на брзи локални избори сите ќе може сериозно да се фатат за работа и да почнат да испорачуваат резултати на локално ниво“, рече Милошоски.
    Тој рече дека секој подалечен рок би донел многу последици за работењето на општинските власти и до загрозување на интересите на граѓаните.
    Секој обид неразумно да се одолжуваат локалните избори и да се блокира мандатот на општините, а со тоа и да се загрозат интересите на граѓаните, би се толкувал како обид за бегање од избори, односно бегање од соочување со народот. ВМРО-ДПМНЕ и нашата пратеничка група ќе го поддржи секој предлог за кој ќе се одлучи парламентарното мнозинство. Се надеваме дека тоа ќе биде што поскоро, дека ќе се спроведат брзи и ефикасни локални избори, за да може локалната самоуправа како уставно право на граѓаните да не трпи голема штета“, рече членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира