ВМРО-ДПМНЕ ДА ПРИФАТИ ДЕКА Е ОПОЗИЦИЈА, ВЕЛИ ЗАЕВ ПО СРЕДБАТА СО ХОЈТ ЈИ

    ВМРО-ДПМНЕ ДА ПРИФАТИ ДЕКА Е ОПОЗИЦИЈА, ВЕЛИ ЗАЕВ ПО СРЕДБАТА СО ХОЈТ ЈИЗоран Заев пред Собранието по средбата со заменикот помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија Хојт Брајан Ји на САД Џес Бејли, на која беше придружуван од партиските соработници Радмила Шеќеринска и Оливер Спасовски. (Фото: СДК.МК)

    Лидерот на СДСМ Зоран Заев кажа дека сега е најважно ВМРО-ДПМНЕ да прифати дека е опозиција и да ги прекине тензиите, по средбата со заменикот помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Хојт Брајан Ји, соопшти СДСМ.

    Заев вели дека идната Влада е подготвена да соработува со идната опозиција во интерес на реформските процеси и најави дека претседателот Ѓорге Иванов ќе добие известување од новиот собраниски спикер Талат Џафери дека постои демократски формирано парламентарно мнозинство и ќе побара од Иванов да го даде мандатот за формирање Влада.

    „Постои и Програма на новата реформска Влада којашто гарантира унитарност на државата, почитување на Уставот, евро-атлански перспективи на Македонија, што уште еднаш ќе му биде предочена иако е позната за целата домашна и меѓународна јавност. Со тоа се исцрпуваат неразумните барања од Иванов со коишто тој го условува давањето на мандатот. Парламентарното мнозинство има обврска да ја реализира мнозинската волја на 700.000 граѓани изразена на изборите и таа обврска ќе ја исполни“, ја пренесе партијата изјавата на Заев.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира