ВМРО-ДПМНЕ ДА РАБОТИ И ДА БИДАТ СРЕЌНИ ДА ДОБИЕМЕ ДАТУМ, МУ ОДГОВОРИ БУЈАР ОСМАНИ НА АЛЕКСАНДАР НИКОЛОВСКИ

    ВМРО-ДПМНЕ ДА РАБОТИ И ДА БИДАТ СРЕЌНИ ДА ДОБИЕМЕ ДАТУМ, МУ ОДГОВОРИ БУЈАР ОСМАНИ НА АЛЕКСАНДАР НИКОЛОВСКИ„Датумот не е прашање ниту на владата, ниту на опозицијата, туку е прашање на државата за која што работеле сите влади и претходната која сега е во опозиција и сегашната“, вели вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи. - Бујар Османи; Александар Николовски (Фото: СДК.МК)

    Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи вели дека датумот за почеток на преговори за членство со ЕУ не е прашање ниту на власта, ниту на опозицијата, туку на државата и на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски му одговори дека треба да работи и да биде среќен ние да добиеме датум. Ваквата изјава на Османи доаѓа откако вчера Николовски рече дека во октомври нема да добиеме датум, туку ќе биде формиран тим од претставници на пет европски институции кои ќе ги следат состојбите во областа на владеење на правото и борба против корупцијата во период од најмалку една, а најмногу две години, по што ќе се даде оценка дали земјава е подготвена за почеток на преговорите“

    „Немаме намера да наметнеме дека сакаме да добиеме политички поени од добивањето датум. Датумот не е прашање ниту на владата, ниту на опозицијата, туку е прашање на државата за која што работеле сите влади и претходната која сега е во опозиција и сегашната. Не смееме прашањето на европската интеграција да ја сведеме на дневнополитички препукувања. Господинот Николовски треба да работи и да биде среќен ние да добиеме датум. Мора да имаме сплотеност по однос на стратешките прашања и нема да се впуштам во дебата која ќе предизвикува различни ставови помеѓу позицијата и опозицијата. Очекувам во преговарачката структура опозицијата сериозно да влезе во преговорите и заедно да ги водиме преговорите без никаква подреденост. Ова е државен процес, а не партиски процес“ изјави Османи, кој денеска беше на планинарски марш на Шар Планина со претставници на дипломатскиот кор.

    З. АНДОНОВ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари