ВМРО-ДПМНЕ ДОБИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ ВО КАВАДАРЦИ, ВИНИЦА И ЗРНОВЦЕ – НЕОФИЦИЈАЛНИ ИНФОРМАЦИИ

    ВМРО-ДПМНЕ ДОБИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ ВО КАВАДАРЦИ, ВИНИЦА И ЗРНОВЦЕ – НЕОФИЦИЈАЛНИ ИНФОРМАЦИИВМРО-ДПМНЕ во вториот круг според неофицијални податоци доби три градоначалници-новинари го слушаат получасовниот говор на Груевски во прес центарот на партијата (ФОТО:Г.Трпеноски)

    ВМРО-ДПМНЕ во вториот круг доби градоначалници во општините Кавадарци, Виница и Зрновце.

    Според податоците на Државната изборна комисија од 76 отсто обработени податоци во општина Кавадарци кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Митко Јанчев освои 8.109 гласа а кандидатот на СДСМ Бетиане Китев 6.832 гласа.

    Во Виница според податоците на ДИК од 61 отсто обработени податоци, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Мартин Павлов има водство од 64 гласа пред Ивица Димитров од СДСМ. Во Зрновце кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Блаже Станков има освоено 645 гласови, а кандидатот на СДСМ Ванчо Митев 401 глас.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира