ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ЈА ПОДДРЖИ ДАНЕЛА АРСОВСКА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА НА СКОПЈЕ, ОБЈАВИ МИЦКОСКИ

    ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ЈА ПОДДРЖИ ДАНЕЛА АРСОВСКА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА НА СКОПЈЕ, ОБЈАВИ МИЦКОСКИАрсовска попладнево објави дека имала работна средба со дел од раководството на Алијансата за Албанците (Фото: Фејсбук)

    ВМРО-ДПМНЕ на претстојните локални избори ќе ја поддржи претседателката на Сојузот на стопански комори Данела Арсовска во трката за градоначалник на Скопје. Откако пред неколку дена Арсовска објави дека како независен кандидат ќе настапи на локалните избори, денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа дека таа ја доставила својата програма до партијата и ја побарала нивната поддршка.

    „Данела Арсовска е избор на скопјани, таа ги собра потребните потписи, а ние решивме да ја поддржиме нејзината кандидатура. Застануваме зад неа бидејќи е натпартиско решение и избор кој обединува. Данела на претстојните избори ќе победи бидејќи изминативе 4 години во Скопје нема никаков капитален проект. Скопје доживува стагнација и во главниот град не се живее подобро како што ветуваа“, рече Мицкоски на прес-конференцијата пред партиското седиште.

    Мицкоски кажа дека партијата донела одлука за уште 10 имиња за кандидати за градоначалници кои ќе бидат објавени утре.

    Кандидат на СДСМ на локалните избори за Град Скопје е актуелниот градоначалник Петре Шилегов. Поранешната директорка на Државниот инспекторат за животна средина Ана Петровска ќе биде кандидат на иницијативата Зелен хуман град, а Петар Георгиевски-Камиказа најави дека ќе биде кандидат на Левица.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира