Извршниот комиет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва заклучи дека договорот од Преспа потпишан на 17 јуни е политички мртов и е празно слово на хартија.
„Бараме разрешување на Републичкиот јавен обвинител кој не ја врши својата работа, односно замижува на очигледните нерегуларности пред, на денот на референдумот и после него. Бараме избор на нов јавен обвинител на предлог на опозицијата кој ќе треба да се занимава со овие нерегуларности. Доколку Заев реши да распише избори, потребно е да се почитува Изборниот законик. Да се формира техничка влада според Договорот од Пржино со мандат од сто дена. Тоа значи оставки од Зоран Заев, Оливер Спасовски и Мила Царовска, и министри за внатрешни и за труд и социјална политика од ВМРО-ДПМНЕ сто дена. Тоа е предуслов да има колку толку фер и демократски избори“, соопшти потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски.
Николовски рече дека ВМРО-ДПМНЕ смета дека целата постапка на спроведувањето на референдумот е фалсификат и не ги признава резултатите. Тој кажа дека партијата во Собранието поднела предлог за формирање на анкетна комисија за да ги истражува непарвилностите кои се случија на референдумот.
Г. ТРПЕНОСКИ