ВМРО-ДПМНЕ ПРЕДЛОЖИ ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ ДА СЕ БИРА СО ДВОТРЕТИНСКО МНОЗИНСТВО

    ВМРО-ДПМНЕ ПРЕДЛОЖИ ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ ДА СЕ БИРА СО ДВОТРЕТИНСКО МНОЗИНСТВОПратеникот Илија Димовски го потсети премиерот Зоран Заев пред изборите дека ветил дека државниот обвинител ќе биде на предлог на опозицијата. (Фото: СДК.МК)

    Опозициската ВМРО-ДПМНЕ предложи Јавниот обвинител на РМ да се бира со двотретинско мнозинство. Со поднесената измена на Законот за јавно обвинителство, по итна постапка, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ побара и државниот обвинител да го предлага опозицијата, за што пратеникот Илија Димовски го потсети премиерот Зоран Заев дека го имал како предизборно ветување.

    Со 60 гласа против, предлогот пратениците го отфрлија. Но, Димовски најави дека истите измени ќе ги предложат во редовна постапка и оти ќе има расправа за овие две идеи, секако. Според актуелното законско решение, државниот јавен обвинител се избира на предлог на Владата со просто мнозинство.

    На денешната седница на Собрание, на дневен ред е разрешувањето на државниот Јавен обвинител Марко Зврлевски.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира