ВМРО-ДПМНЕ САМА СИ ИЗБРАЛА ОСОМНИЧЕН ДА ПРЕГОВАРА ЗА СЈО, КАЖА ДЕСКОСКА

    ВМРО-ДПМНЕ САМА СИ ИЗБРАЛА ОСОМНИЧЕН ДА ПРЕГОВАРА ЗА СЈО, КАЖА ДЕСКОСКАМинистерката за правда Рената Дескоска вели дека ако ВМРО-ДПМНЕ не отстапи од своите позиции, не очекува напредок во преговорите за законот за кој е потребно двотретинско мнозинство во Собранието. - Рената Дескоска; Антонијо Милошоски (Фото: СДК.МК)

    Министерката за правда Рената Дескоска кажа дека дискреционо право е на ВМРО-ДПМНЕ да си избере кој ќе ги претставува на преговорите за Законот за Јавно обвинителство, со кој треба да се реши статусот на СЈО, одговарајќи на новинарско прашање пред конференцијата „Заедничка заложба за подобри достигнувања во судството“. Во преговарачкиот тим на ВМРО-ДПМНЕ е пратеникот Антонијо Милошоски, осомничен во истрагата на СЈО „Моќник“.

    „Секоја пратеничка група и секоја партија си го составува преговарачкиот тим. Нивната оценка кој ќе ги застапува најдобро нивните интереси можете ја видите од составот на тимот и секако тоа праќа порака кои позиции ќе им бидат приоритетни во преговорите, но нивно дискреционо право е да си го состават тимот“, кажа Дескоска, пред денешната нова рунда преговори за СЈО.

    Таа рече и дека ако ВМРО-ДПМНЕ не отстапи од своите позиции, не очекува напредок во преговорите за законот за кој е потребно двотретинско мнозинство во Собранието.

    „Зависи со каков мандат ќе дојдат претставниците на ВМРО-ДПМНЕ: Ако се спремни да ги почитуваат стандардите на ЕУ и препораките на меѓународната заедница тогаш има шанса да мрднат. Доколку останат закопани во своите ровови не гледам надеж дека нешто посебно би се случило“, вели Дескоска.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира