ВМРО-ДПМНЕ СИ ОРГАНИЗИРА СВОЈА ПРОСЛАВА НА ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА ВО БИТОЛА

    ВМРО-ДПМНЕ СИ ОРГАНИЗИРА СВОЈА ПРОСЛАВА НА ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА ВО БИТОЛАЦентралниот дел од прославата на ВМРО-ДПМНЕ ќе се одржи во 19 часот на плоштадот Магнолија во Битола, кога обраќање ќе има претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. (архивска фотографија)

    ВМРО-ДПМНЕ денеска во Битола организира прослава на 8 Септември – Денот на независноста. Од опозициската партија велат дека тоа ќе биде „вистинско народно одбележување на јубилејот од независноста“.

    ВМРО-ДПМНЕ во Битола првин ќе одржи трибина, насловена „30 години се грижиме за Македонија“, на која ќе учествуваат поранешните министри Мартин Тренески и Маријан Ѓорчев, поранешниот скопски градоначалник Коце Трајановски поранешниот технички премиер Емил Димитриев и првиот градоначалник на Битола Златко Милошески.

    Централниот дел од прославата на ВМРО-ДПМНЕ ќе се одржи во 19 часот на плоштадот Магнолија во Битола, кога обраќање ќе има претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

    Официјалната прослава на 8 Септември – Денот на независноста ќе се одржи пред Собранието во Скопје.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира