ВНИМАНИЕТО НА КОРИСНИЦИТЕ Е СЀ ПОКУСО, ПОКАЖА ИСТРАЖУВАЊЕТО ВЕЈВ ЗА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ВНИМАНИЕТО НА КОРИСНИЦИТЕ Е СЀ ПОКУСО, ПОКАЖА ИСТРАЖУВАЊЕТО ВЕЈВ ЗА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

    Истражувањето Вејв на глобалната агенциска мрежа „Ју-Ем“ за навиките на корисниците на социјалните медиуми покажа јасен тренд дека вниманието на корисниците е сѐ пократко, поради што станува клучно за сите кои работат во огласувачката индустрија да ги разберат емоционалните потреби на своите потрошувачи во моментите од реалниот живот каде брендовите одеднаш стануваат релевантни. Во спротивно, покажува студијата, брендовите нема да успеат да направат значајно поврзување со корисниците.

    Вејв истражувањето започна во 2006 и денес е најголемата и најдолготрајната студија од овој тип и годинава го претставува однесувањето на интернет корисниците врз основа на над 60 милијарди кликови
    Податоците истражуваат 20 емоционални состојби, обезбедувајќи неприкосновено широк и длабок увид за публиката, давајќи им на огласувачите моќни насоки за тоа како да ги креираат вистинските пораки и како да ги дистрибуираат преку вистинските канали.

    „Социјалните медиуми и мобилните уреди се сеприсутни, што им овозможува на огласувачите безброј можности за интеракција со корисниците, но само значајните моменти ги поврзуваат брендовите со нивната публика на емоционално релевантен начин“, вели Глен Паркер, директор на агенцијата „Ју-Ем“ за истражување за Европа и Блискиот Исток и автор на истражувањето.
    „За да бидеме на вистинското место во вистинското време, треба да се вратиме на основите и да ги одговориме прашањата ‘Кој’, ‘Како’ и, најбитното, ‘Зошто’. Вејв 9 ни го овозможува баш тоа“, додаде тој.

    Годинашниот извештај вели дека 85% од корисниците на глобално ниво користат инстант пораки за да комуницираат со семејството и пријателите, а за возврат очекуваат одговор веднаш. Ова чувство за итност им донесе успех на брендовите кои им овозможуваат на потрошувачите да „живеат“ во моментот, како Убер и Лифт, сервисите за достава на храна, инстантиот пристап до содржина што го даваат Нетфликс и Спотифај, како и продуктите порачани од Амазон и Алиекспрес.

    Вејв 9 открива дека во земјите од Југоисточна Европа (Македонија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска и Србија) не сите шопинг моменти се исти, но дека чувствата и потребите на потрошувачите за време на купувањето на производите се разликуваат во зависност од контекстот.
    На пример, при истражување на нови производи на интернет потрошувачите имаат позитивни емоции, при што „заинтригираноста“ е најсилното чувство во Македонија (27% од потрошувачите), споредено со 35% во Бугарија, 29% во Босна и Херцеговина, и 20% во Хрватска. Во истиот шопинг момент 18% од потрошувачите во Македонија имаат најголема потреба да „научат нешто ново“, а во Србија 17%, во Бугарија 22% и 21% во Босна и Херцеговина.

    При неделното пазарење, примарна емоција на потрошувачите во Босна и Херцеговина (24%) е „здодевност”, додека во Македонија (30%), Србија (27%), Хрватска (20%) и Бугарија (15%) примарното чувство на потрошувачите е „релаксираност” – што е сосема поинаква емоција која брендовите треба да ја искористат.
    Нивната најголема потреба во тој момент е да „останат во тек“ (во Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина) или да се „разонодат“ (во Македонија и Бугарија). Овие потреби најдобро ги задоволуваат со помош на социјалните канали, кои скоро 60% од потрошувачите во регионот ги сметаат за најсоодветни медиуми за „разонода“ и „останување во тек“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира