ВО 1944 НЕ СМЕ СИ ЛЕГНАЛЕ КАКО БУГАРИ ПА ДРУГИОТ ДЕН ДА СМЕ СЕ РАЗБУДИЛЕ КАКО МАКЕДОНЦИ, ОДГОВОРИ ЗАЕВ ЗА ПОСЛЕДНАТА ИЗЈАВА НА КАРАКАЧАНОВ

    ВО 1944 НЕ СМЕ СИ ЛЕГНАЛЕ КАКО БУГАРИ ПА ДРУГИОТ ДЕН ДА СМЕ СЕ РАЗБУДИЛЕ КАКО МАКЕДОНЦИ, ОДГОВОРИ ЗАЕВ ЗА ПОСЛЕДНАТА ИЗЈАВА НА КАРАКАЧАНОВПремиерот Зоран Заев и бугарскиот премиер Бојко Борисов. (Фото: СДК.МК)

    Во 31 декември 1943 Македонците не си легнале како Бугари и се разбудија на први јануари 1944 како Македонци, рече премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање за последната изјава на бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов дека не постои одделен македонски идентитен од бугарскиот на пред 1944 година.

    Заев кажа дека ваквите изјави од бугарската страна го повредуваат македонскиот народ и дека во името на пријателството ќе продолжи да бара решение со внимателен наратив, но на тоа што повредува ќе реагираме.

    „Апелирам до пријателска Бугарија и до мојот пријател Красимр Каракачанов да знаат дека тоа колку и да е податливо во Бугарија, овде повредува. Секаде во светот секој има право да се определува како сака. Нашиот суверенитет Бугарија го има признаено прва. Ако се Европејци, европските вредности се почитување на нашето право на идентитет дека сме Македонци кои говорат македонски јазик и кои имаат свои корени. Точно е дека имаме заедничка историја, но и различна“, рече Заев.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира