ВО БИТОЛА БЛОКИРАН ВЛЕЗОТ НА ГРАДОТ „КАЈ ФИЛЏАНО“ ОД КАЈ РЕСЕН

    ВО БИТОЛА БЛОКИРАН ВЛЕЗОТ НА ГРАДОТ „КАЈ ФИЛЏАНО“ ОД КАЈ РЕСЕН

    Шарената револуција во Битола вечерва го блокира влезот на градот „од страната на Ресен, во близина на Педагошката академија, јавуваат репортерите на САКАМДАКАЖАМ.МК.

    Пред општината владините демонстранти повикаа на масовен бојкот на еднопартиските избори на 5 јуни и потоа тргнаа кон периферијата кон кружниот тек што го викаат „кај филџано“ оти среде цвеќето е поставена скулптура „Филџан“.

    Битолчани се мајтапат дека најголемите достигнувања на аболираниот градоначалник Владимир Талески во неговите дванаесет години власт е правењето кружни текови. Затоа и сега се сконцентрирани на блокирање на кружните текови на влезовите од градот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари