ВО БИТОЛА БОЈА ЗА СУДОТ И ЦВЕЌЕ ЗА ПОЛИЦАЈЦИТЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ВО БИТОЛА БОЈА ЗА СУДОТ И ЦВЕЌЕ ЗА ПОЛИЦАЈЦИТЕ

    Демонстрантите од Шарената револуција во Битола вечерва фрлија балони со боја врз зградата на Основниот суд. Тие бараа ослободување од притвор на сите антивладини демонстранти. Викаа дека е неправедно криминалците од тајфата на градоначалникот Владимир Талески да бидат слободни, а децата што протестираат против криминал да седат заробени дома.

    На полицајците што ја обезбедуваа зградата им поделија цвеќиња за да им го честитаат празникот, Денот на полицијата.

    Во исто време, на другата страна од градот, кај Офицерскиот дом се собраа граѓаните што ја поддржуваат власта во организација на невладиното здружение ГДОМ. Тие бараат одржување на избори на 5 јуни, како единствен начин за излез од политичката криза.

    Битолчани веќе трета недела протестираат барајќи оставка од градоначалникот Владимир Талески, кој е еден од 56-те помилувани политичари од претседателот Ѓорге Иванов. Талевски е првоосомничен во предметот „Транспортер“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за манипулации со трошоците за превоз на учениците. Осомничен е дека го оштетил буџетот на Општината за 360.000 евра.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари