ВО БИТОЛА ДЕМОНСТРАНТИ ПОВИКАНИ ВО ПОЛИЦИЈА НА ИНФОРМАТИВЕН РАЗГОВОР

a:1:{s:9:"td_source";s:23:"Битола(МЕТА)

    ВО БИТОЛА ДЕМОНСТРАНТИ ПОВИКАНИ ВО ПОЛИЦИЈА НА ИНФОРМАТИВЕН РАЗГОВОР

    Неколкумина демонстранти на „Шарената револуција“ од Битола, денеска биле повикани во битолската полиција на информативен разговор, јавува агенцијата Мета. Вчера униформирани полицајци им доставиле покани на неколкумина демонстранати денеска претпладне да се јават во СВР -Битола бидејќи на полициските снимки биле забележани како фрлаат боја на зградата на Општина Битола, на киното „Манаки“, на споменикот на „Филип Втори“ на Магнолија и слично.

    Портпаролот на СВР Битола, Сања Стаматова, вели дека повикувањето на информативен разговор е тековна работа на инспекторите и не открива колкумина се повикани за овие случаи.

    „Ова е секојдневна работа на инспекторите, можат секој да го повикаат на разговор, но нема некој да е приведен или притворен“, вели Стаматова.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари