ВО БУТЕЛ ЗАПЛЕНЕТ ТОН И 200 КИЛОГРАМИ МАРИХУАНА

    ВО БУТЕЛ ЗАПЛЕНЕТ ТОН И 200 КИЛОГРАМИ МАРИХУАНАДиректорот на БЈБ Сашо Тасевски вели дека дрогата била спакувана во полиетиленски вакуумирани пакувања и црни полиетиленски вреќи. (Фото: МВР)

    Бирото за јавна безбедност преку Одделот за криминалистичка полиција, во координација и насоки со ОЈО Кавадарци во моментов спроведува акција на подрачјето на град Скопје, при што во магацин во населба Бутел се пронајдени и одземени 12 палети во кои има еден тон и двесте и четириесет килограми (1.240 кг) марихуана.

    Ова вечерва го соопшти на Фејсбук директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски.

    Тасевски вели дека дрогата била спакувана во полиетиленски вакуумирани пакувања и црни полиетиленски вреќи.

    Во големата акција уапсено е едно лице против кого ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 став 1 од Кривичниот законик до ОЈО Кавадарци.

    Истрагата е во тек со цел утврдување и откривање на други лица вмешани во случајот на недозволена трговија со марихуана, вели првиот човек на БЈБ.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира