ВО ДРЖАВАТА ИМА ОКОЛУ 120 РЕСПИРАТОРИ, ОД НИВ 90 ВО СКОПЈЕ, КАЖА ФИЛИПЧЕ

    ВО ДРЖАВАТА ИМА ОКОЛУ 120 РЕСПИРАТОРИ, ОД НИВ 90 ВО СКОПЈЕ, КАЖА ФИЛИПЧЕМинистерот за здравство Венко Филипче изрази благодарност до приватните болници кои, како што кажа тој, уште минатата недела своите капацитети ги ставиле на располагање. (Фото: СДК.МК)

    Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција за состојбата со коронавирусот кажа дека во државата има 120 респиратори, а потоа им се заблагодари на приватните болници кои на располагање ставија близу 70 интензивни легла со респираторни машини.

    „Имаше коментари околу респираторните машини. Би сакал да кажам дека во државата има околу 120, а најголемиот број, близу 90, во Скопје“, кажа Филипче.

    Министерот за здравство рече дека целиот медицински персонал од јавните здравствени установи, но и од приватни се мобилизира и се става на располагање доколку е потребно да работат во здравствена установа кај што е потребно.

    Филипче изрази благодарност до приватните болници кои, како што кажа тој, уште минатата недела своите капацитети ги ставиле на располагање, вклучително и околу 70 интензивни легла со респираторни машини со оваа патологија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира