ВО ЕУ ЗАБРАНУВАМЕ СПОДЕЛУВАЊЕ ПОДАТОЦИ ЗА РАСНА И ЕТНИЧКА ПРИПАДНОСТ, КАЖА ЕВРОАМБАСАДОРОТ ГИР ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЛИЧНИ КАРТИ

    ВО ЕУ ЗАБРАНУВАМЕ СПОДЕЛУВАЊЕ ПОДАТОЦИ ЗА РАСНА И ЕТНИЧКА ПРИПАДНОСТ, КАЖА ЕВРОАМБАСАДОРОТ ГИР ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЛИЧНИ КАРТИСпоред предложените законски измени, во личната карта треба да се вметне и графа за националност. - Евроамбасадорот Дејвид Гир (Фото: Твитер)

    Евроамбасадорот Дејвид Гир вели дека регулативата на ЕУ забранува споделувањето на лични податоци како расна и етничка припадност, како и политичка и верска припадност, во однос на тоа дали предложениот закон за лични карти и наведувањето на етничка определба е согласно европската регулатива.

    „Во Европската Унија, личните карти во моментов се сè уште регулирани од страна на земјите членки, но регулативата што ја споменав, што ги содржи првите правила кои се однесуваат на овие документи на ниво на Унијата, ќе стапи на сила во август 2021“, рече Гир на заедничката прес-конференција со министерот за економија Крешник Бектеши, по повод претседавањето на земјава со ЦЕФТА.

    Според предложените законски измени, во личната карта треба да се вметне и графа за националност. Предлогот е Беса, партија од владејачката коалиција, а доби поддршка и од двете најголеми партии СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира