Во февруари ќе се исплати повратот од ДДВ на граѓаните кои скенирале фискални сметки за второто тримесечје. Од Управата за јавни приходи (УЈП) велат дека од октомври до 30 декември скенирани се 28.948.878 фискални сметки, остварен е промет од 14.30.474.854 денари, а вкупениот ДДВ изнесува 1.554.510.671 денари. Повратот од 15 отсто за граѓаните е 233.176.601 денари или 3.791.000 евра.
„За граѓаните кои во апликацијата МојДДВ внеле погрешна трансакциска сметка и направиле корекција, исплатата ќе се случи во понатамошниот период“, велат од Упрвата за јавни приходи.
За првото тримесечје од МојДДВ, за коешто исплатата започна во декември 2019 година, исплатен е поврат кај 144,601 граѓани кои во апликацијата МојДДВ внеле валидни трансакциски сметки, во износ од 155.244.780 денари.