УШТЕ 89 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД 1.760 ТЕСТОВИ, НЕМА ПОЧИНАТИ

    УШТЕ 89 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД 1.760 ТЕСТОВИ, НЕМА ПОЧИНАТИМоментално има 493 активни случаи на коронавирус (Фото: СДК.МК)

    Во изминатите 24 часа во Македонија се регистрирани 89 нови случаи на коронавирус, при што нема починати. Биле направени 1.760 тестови, а најголем број новозаразени се од Скопје – 48, па следуваат Битола – 18, Берово – 4, Прилеп, Кавадарци, Штип и Кичево по 3, Велес – 2 и Охрид, Струмица, Гевгелија, Ресен и Виница по 1. Меѓу нив има 21 реинфекција.

    Согласно Регистарот на умрени лица од ковид-19 од Мој термин, дополнително е пријавено едно починато лице од Скопје (74 години), починато во болнички услови на 25 април.

    Регистрирани сe и 156 оздравени пациенти од: Скопје – 86, Битола – 32, Прилеп – 11, Охрид и Валандово по 4, Тетово, Кавадарци, Велес, Гостивар, Струмица и Струга по 2 и Куманово, Штип, Кичево, Свети Николе, Радовиш, Виница и Демир Хисар по 1.

    Од почетокот на пандемијата, во земјата се направени 2.013.928 тестирања, при што се потврдени 309.310 случаи на зараза. Бројот на оздравени лица е 299.539, починале 9.278, а моментално има 493 активни случаи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира