ВО МАКЕДОНИЈА ОД РАК ДВОЈНО ПОВЕЌЕ УМИРААТ МАЖИ ОД ЖЕНИ

    ВО МАКЕДОНИЈА ОД РАК ДВОЈНО ПОВЕЌЕ УМИРААТ МАЖИ ОД ЖЕНИКарциномите се втора причина за смртност во Македонија, по болестите на циркулаторниот систем.- Клиника за радиотерапија и онкологија (Фото:СДК.МК)

    Од рак во Македонија два пати повеќе умираат мажи од жени, а расте и вкупниот број починати од канцерогени заболувања. Според податоците од Институтот за јавно здравје мажите најчесто умираат од рак на бели дробови и просечната стапка на морталитет е 65 починати на 100.000 жители. Жените најчесто умираат од рак на дојка и просечната стапка на морталитет е 30 починати на 100.000 жители.

    „Во Македонија по болестите на циркулаторниот систем, малигните неоплазми се втората најчеста причина за смрт. Во 2010 година од рак умреле 3705, а во 2016 година 3882 лица, а стапката на морталитет се движи од 180,3 на 100.000 жители во 2010 година до 187,3 на 100.000 во 2016 година“, велат од Институтот за јавно здравје.

    ИЈЗ најави дека ќе ја продолжат тригодишната кампања дека секој колектив или поединец може да придонесе да се намали бројот на заболени од карцином.

    „Како што ракот влијае на секој човек на различен начин, сите луѓе имаат сила да преземат различни активности за да го намалат влијанието што го има ракот врз поединецот, семејството и заедницата. Целта е што помалку луѓе да развијат рак, повеќе луѓе успешно да бидат третирани и да се обезбеди подобар квалитет на живот на луѓето во текот на третманот и подоцна во текот на животот“, велат од ИЈЗ.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира