ВО МИРУВАЊЕ Е ШТРАЈКОТ ВО ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО, ВРАБОТЕНИТЕ ЌЕ ЗЕМАААТ ПОГОЛЕМИ ПЛАТИ ЗА 15 ОТСТО ДО 31 МАЈ

    ВО МИРУВАЊЕ Е ШТРАЈКОТ ВО ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО, ВРАБОТЕНИТЕ ЌЕ ЗЕМАААТ ПОГОЛЕМИ ПЛАТИ ЗА 15 ОТСТО ДО 31 МАЈВладата на вчерашната седница донесе одлука да се поништи претходната одлука за намалување на платите на вработените, поради која почна штрајкот, и да им се зголемат платите за 15 отсто со важење до 31 мај. (Фото: К. Попов)

    Тридневниот шрајк на Синдикатот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) е ставен во мирување, кажаа денеска претседателот на Синдикатот Бранко Аџигогов и претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) Трпе Деаноски. Владата на вчерашната седница донесе одлука да се поништи претходната одлука за намалување на платите на вработените, поради која почна штрајкот, и да им се зголемат платите за 15 отсто со важење до 31 мај.

    Деаноски кажа дека одлуката важи до тој датум, оти е врзана со парламентарните избори, ќе мора да се чека нова Влада и ребаланс на Буџетот. Тој додаде дека станува збор за зголемување во вредност од 1 милион евра, за што вели, тоа е капка во морето и во Буџетот на ФЗО и во Буџетот на државата.
    На новинарско прашање дали ќе им се извинат на граѓаните кои претрпеа проблеми поради штрајкот, Деаноски рече дека штрајкот траеше три дена, не три месеци, дека вработените ќе работат напорно за да продолжат да течат работите и дека нема потреба од извинување.

    Директорката на Фондот, Магдалена Грашковска-Филиповска рече дека ова е прво зголемување на платите на вработените после 12 години и оти се надева дека вработените ќе го ценат тоа.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира