Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, за време на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, изјави дека во овој момент нема услови за менување на Уставот.
„Во однос на билатералните односи со Бугарија, сакам да бидам кристално јасен. Во овој контекст нашата држава не е подготвена за уставни измени. Има недостиг на доверба и недостиг на кредибилитет во однос на испораката кон нас како држава, така што во овој момент услови за уставни измени нема и Владата не е подготвена да преземе било каков чекор кон уставни измени“, изјави Муцунски.
Муцунски додаде дека фокусот останува на Реформската агенда и усогласувањето со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, како и на практичната примена на европските вредности.



