ВО МОМЕНТОВ НЕМА ОСНОВ ЗА ПОСТАПКА ПРОТИВ ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ, КАЖА ТАЛАТ ЏАФЕРИ 

    ВО МОМЕНТОВ НЕМА ОСНОВ ЗА ПОСТАПКА ПРОТИВ ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ, КАЖА ТАЛАТ ЏАФЕРИ Собранискиот спикер Талат Џафери очекува дека надлежните институции ќе постапуваат ефикасно и целосно ќе го расчистат случајот. (Фото: СДК.МК)

    Претседателот на Собрание Талат Џафери вели дека во овој момент нема основ за каква било постапка, откако пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојановска најави дека нејзината пратеничка група ќе покрене иницијатива Собранието за одземање на мандатот на Павле Богоевски.

    На новинарско прашање дали и што би презел претседателот на Собранието Талат Џафери во врска со Богоевски за кого вчера беше објавена снимка како зборува по телефон и нарачува пола од нешто, кабинетот одговори:

    „Претседателот Џафери очекува дека надлежните институции ќе постапуваат ефикасно и целосно ќе го расчистат случајот. Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, секогаш кога според Уставот и Деловникот на Собранието е должен да постапува, презема конкретни иницијативи и мерки кои се во согласност со неговата надлежност. Во овој момент нема основ за каква било постапка“, одговорија од кабинетот на Џафери.

    Претходно, Стојановска побара од независниот пратеник Богоевски да си поднесе оставка од функцијата зашто признал дека нелегално набавувал масло од канабис, а пред Собранието остави метла со која го повика премиерот Зоран Заев исто така да го исчисти од функцијата. Најави и дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе покрене иницијатива Собранието да го разреши.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира