ВО ПЛАН Е ОВОЈ МЕСЕЦ ДА ГИ ОТВОРИМЕ ГРАНИЦИТЕ, КАЖА НИКОЛА ДИМИТРОВ НА СРЕДБАТА СО ИВИЦА ДАЧИЌ ВО НИШ

    ВО ПЛАН Е ОВОЈ МЕСЕЦ ДА ГИ ОТВОРИМЕ ГРАНИЦИТЕ, КАЖА НИКОЛА ДИМИТРОВ НА СРЕДБАТА СО ИВИЦА ДАЧИЌ ВО НИШСрбија уште минатиот месец им дозволи влез во земјата на македонските државјани. - Никола Димитров и Ивица Дачиќ (Фото: Јужне вести)

    Министерот за надворешни работи Никола Димитров најави дека Македонија планира да ги отвори своите граници во текот на овој месец.

    Тој беше гостин на српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ во Ниш, каде што тие се согласија дека и покрај некои несогласувања, двете држави имаат заедничка иднина. Димитров потврди дека постои план за отворање на границите.

    „Јас и министерот за здравство Филипче зборувавме за границите и нашиот прв план е да ги отвориме во средината на месецот. Ќе разговараме поинтензивно овие денови и во зависност од ситуацијата со коронавирусот, потоа ќе пресечеме и ќе донесеме одлука. Мислам дека тоа секако ќе се случи овој месец“, кажа Димитров.

    Србија уште минатиот месец им дозволи на македонските државјани да влегуваат во Србија.

    „Нашите планови се јасни, ние ги отворивме границите. Сите странци, па така и државјаните на Македонија можат да влезат во Србија без тестирање и изолација, освен ако имаат симптоми“, изјави Дачиќ.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари