ВО РУТИНСКАТА КОНТРОЛА, САМО ВО КАФЕАНАТА КАДЕ СЕДЕШЕ МИЦКОСКИ НЕ НИ ДАВАА ДА ВЛЕЗЕМЕ ВНАТРЕ, ВЕЛАТ ОД ПАЗАРЕН ИНСПЕКТОРАТ

    ВО РУТИНСКАТА КОНТРОЛА, САМО ВО КАФЕАНАТА КАДЕ СЕДЕШЕ МИЦКОСКИ НЕ НИ ДАВАА ДА ВЛЕЗЕМЕ ВНАТРЕ, ВЕЛАТ ОД ПАЗАРЕН ИНСПЕКТОРАТ„На инспекторите тоа им е работа, па ако не постапеле по овој случај тоа значи ни си ја вршат работата за која се платени. Ние не казнуваме физички лица, ниту можеме да ги легитимираме, ние вчера го контролиравме објектот, а не кој седи внатре“, рече директроот Стојко Пауновски; - Кафеаните на Боемска улица. (Фото: К. Попов)

    Вчера, како и сите изминати денови откако се отворени кафеаните, вршевме рутински контроли низ Скопје и во Дебар Маало дали се почитуваат протоколите, рече директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски за случајот со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој беше затекнат во внатрешниот дел на една од кафеаните на Боемска улица. Пауновски вели дека во ниту еден друг локал вчера немале проблеми и на инспекторите им било дозволено да влезат и во внатрешниот дел и да извршат проверка, само во посочената кафеана ја заклучиле вратата и два и пол саата не ги пуштале да влезат.

    „Во сите објекти се врши контрола на летните тераси, но и на внатрешниот дел. На двајца инспектори им станало чудно и сомнително зошто не ги пуштаат внатре. Повикале уште двајца колеги, а кога после два и пол часа уште вратата била заклучена дошла раководителката на скопската инспекција. На инспекторите тоа им е работа, па ако не постапеле по овој случај тоа значи ни си ја вршат работата за која се платени. Ние не казнуваме физички лица, ниту можеме да ги легитимираме, ние вчера го контролиравме објектот, а не кој седи внатре“, рече Пауновски.

    Пауновски кажа дека во Пазарниот инспекторат нема ниту едно ново вработување од оваа власт.

    „Само јас сум назначен од оваа власт. Инспекторте кои вчера беа на терен се вработени од минатата и претходните власти. Затоа замолувам да ги оставите инспекторите да си ја вршат рабатата“, рече Пауновски, кој додаде дека изречена е кривична пријава.

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски синоќа беше фатен како со двајца пријатели седи во затворен дел на кафеана во Дебар Маало. Откако два и пол часа на инспекторите не им беше дозволено да влезат интервенираше полицијата, односно Специјалната единица за брзо распределување која ги обезбедуваше снимките од безбедносните камери додека да стигне судскиот налог. Мицкоски неколку часа после инцидентот на својот фејсбук профил призна дека седел во затворениот дел од кафеаната а тоа го направил бидејќи не бил доволно информиран за протоколите за работа на угостителските објекти и заштита од КОВИД-19.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари