ВО ШКОЛИТЕ НЕМА ТРАНСМИСИЈА НА КОВИД-19, ВЕЛИ ЦАРОВСКА

    ВО ШКОЛИТЕ НЕМА ТРАНСМИСИЈА НА КОВИД-19, ВЕЛИ ЦАРОВСКАМинистерката Царовска вели дека состојбата со ковид-19 во училиштата е стабилна. (Фото: К. Попов)

    Околу 0,02% од вкупно 240 илјади ученици на ниво на држава се новозаразени случаи на ковид-19, а истиот процент е и кај наставниците, рече денеска министерката за образование и наука Мила Царовска.

    Од почетокот на учебната година до сега активни случаи од учениците биле 0,2%. Царовска потенцираше дека дел од нив се веќе негативни и вратени на училиште, а дел уште се во изолација.

    „Состојбата со ковид-19 во училиштата е стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции. Што се однесува на деталните податоци, нив ги поседуваат надлежните здравствени служби кои ги издаваат решенијата за изолација. Тоа што е особено важно да се потенцира е дека во училиштата до сега нема трансмисија на заразата. При појава на ученик или наставник со симптоми на заразата, училиштата постапуваат согласно протоколите и алгоритмите“, рече Царовска по посетата на ОУ „Димитар Поп Георгиев-Беровски“ во скопската општина Ѓорче Петров.

    Во земјава, според последните податоци од Министерството за здравство, активни болни се 13.045.

    Б. НЕСТОРОСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира