ВО СЈО СЕ ЗАГРИЖЕНИ ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧУВА СО ВРАБОТЕНИТЕ И СО БЕЗБЕДНОСНИТЕ ПРОЦЕДУРИ ЗА МАТЕРИЈАЛИТЕ АКО НЕ СЕ ДОНЕСЕ НОВО ЗАКОНСКО РЕШЕНИЕ

    ВО СЈО СЕ ЗАГРИЖЕНИ ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧУВА СО ВРАБОТЕНИТЕ И СО БЕЗБЕДНОСНИТЕ ПРОЦЕДУРИ ЗА МАТЕРИЈАЛИТЕ АКО НЕ СЕ ДОНЕСЕ НОВО ЗАКОНСКО РЕШЕНИЕСпоред актуелното законско решение, мандатот на СЈО е до 15 септември 2020 година, до кога продолжуваат работниот однос на вработените во Обвинителството и тековните обврски на институцијата. - Дел од обвинителите на СЈО (Фото: К. Попов)

    Во Специјалното јавно обвинителство се загрижени поради фактот што до овој момент ниту е избран јавен обвинител кој ќе ја замени притворената специјална обвинителка Катица Јанева, ниту пак е донесено ново законско решение со кое што ќе се регулира статусот на ова обвинителство.

    „Отсуството на регулатива за тоа што ќе се случува со вработените, тековните обврски, архивата и материјалите со кои располага Обвинителството, во ситуација кога нема раководно лице на институцијата, ќе доведе до реални проблеми во остварувањето на правата од работен однос на вработените лица и намирување на обврските на институцијата, а воедно ќе отсуствува и контрола на спроведувањето на безбедносните процедури поврзани со сите материјали со кои располага Обвинителството“, се вели во денешното соопштение на СЈО.

    Оттаму потсетуваат дека мандатот на СЈО е до 15 септември 2020 година, до кога продолжуваат работниот однос на вработените во Обвинителството и тековните обврски на институцијата. За Законот за Јавно обвинителство, со кој треба да се регулира статусот на СЈО, вечерва во Собранието ќе се одржи лидерска средба меѓу Зоран Заев и Христијан Мицкоски.

    Во врска со предметите на СЈО, за кои Јанева од притвор испрати писмо да бидат предадени во редовното обвинителство, од СЈО велат дека сè уште немаат добиено писмен допис од страна на Јавното обвинителство за да можат да известат дали и како ќе се постапува со предметите на ова обвинителство.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари