ВО СКАФАНДЕР И ВОЗИЛО НА БРЗА ПОМОШ ШТО САМА СИ ГО ПЛАТИЛА, ВО СОБРАНИЕТО СТИГНА ПРАТЕНИЧКА ПОЗИТИВНА НА КОРОНАВИРУС

    ВО СКАФАНДЕР И ВОЗИЛО НА БРЗА ПОМОШ ШТО САМА СИ ГО ПЛАТИЛА, ВО СОБРАНИЕТО СТИГНА ПРАТЕНИЧКА ПОЗИТИВНА НА КОРОНАВИРУС„Пристигнувам во Собранието, со целосна заштитна ковид-19 опрема, за да учествувам на денешната седница на која ќе ги усвоиме законите кои обезбедуваат финансиска помош за илјадници граѓани и компании", напиша на Фејсбук Костадиновска-Стојчевска. (Фото: Фејсбук/СДК.МК)

    Пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска-Стојчевска, позитивна на коронавирус, пристигна во скафандер во Собранието за да учествува во работата на 32., а потоа и на 36. седница кои треба да почнат во 14 часот.

    „Колешката стигна со возило на Брза помош, која сама си го платила”, одговорија за САКАМДАКАЖАМ.МК од пратеничката група на СДСМ.

    „Пристигнувам во Собранието, со целосна заштитна ковид-19 опрема, за да учествувам на денешната седница на која ќе ги усвоиме законите кои обезбедуваат финансиска помош за илјадници граѓани и компании”, напиша на Фејсбук Костадиновска-Стојчевска.

    Таа вели дека тоа и е обврска кон граѓаните, кои чекаат да земат помош од државата. Таа кажува дека добро се чувствува.

    „Нема да дозволиме уцени! Мојата должност како пратеничка е постојана и благородна. И здрава и болна, имам обврска да направам сѐ граѓаните да ја добијат помошта која Владата ја обезбеди за нив. А ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата, можат и понатаму да прават сѐ што намериле против народот – но џабе им е, денес ќе ја завршиме работата”, пишува таа.

    Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во секоја прилика кога недостасуваат пратеници од мнозинството, поради болест или друга причина, си кажуваат: „не ви правиме кворум”.

    Најважната институција во државата работи со преполовен капацитет од конституирањето на овој состав и седниците постојано се одложуваат и никогаш не се завршуваат, но тоа не е пречка за пратениците да земаат плата, плус патни трошоци.

    Онлајн работење во Собранието не е овозможено поради противењето на опозицијата.

    Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски денеска на прес-конференција во Собранието кажа дека ќе присуствуваат на 36. седница, но не и на 32. седница.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира