ВО СКОПЈЕ ИМА САМО 30 ПРАЗНИ МЕСТА ВО КОВИД-ЦЕНТРИТЕ

    ВО СКОПЈЕ ИМА САМО 30 ПРАЗНИ МЕСТА ВО КОВИД-ЦЕНТРИТЕНа Клиниката за инфективни болести лежат 96 пациенти. (Фото: Ѓ. Личовски)

    До 8 часот во Ковид-центрите во Скопје имало 30 слободни болнички кревети, а во цела земја 350, вели Министерството за здравство. Во изминатите 24 часа во Ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 39 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, а вкупно лежат 323 лица.

    На Инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава лежат 787 и има околу 350 празни болнички кревети.

    За една недела бројот на новозаболени од ковид-19 е зголемен за 56.4 отсто во споредба со претходната недела, односно, од 22 до 28 февруари регистрирани се 3.628 нови позитивни случаи од 32 градови во државата, стои во извештајот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

    Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало 22 приеми. Во Ковид-центарот во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ имало 11 нови приеми на пациенти и 3 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 3 пациенти. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 19 оздравени пациенти.

    Во моментов на Кожната клиника во Ковид-центарот се лекуваат 28 пациенти, на Клиниката за неврологија 35 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 54 пациенти со симтоми на корона вирусот.

    Во „8 Септември“ има вкупно 83 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 96 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 22 пациенти. На ГАК има 5 хоспитализирани ковид позитивни пациентки.

    „Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 30 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти“, велат од Министерството за здравство.

    Во изминатите 24 часа во Ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 464 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 24 пациент, во болницата во Штип се хоспитализирани 39 пациенти. На Инфективното одделение во Тетово има 13 пациенти, во Велес се лекуваат 26 болни, а во Куманово 77 пациенти. Во Ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 56 пациенти, во Прилеп 78, во Ковид-центарот во Гостивар 14, а во Струга 18 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 32 пациент, во Кочани 7 во Кичево 6, Кавадарци 52, во Гевгелија 9 лица, а во Дебар 13.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира