Основниот суд Скопје го осуди македонскиот државјанин Е.А. на парична казна од 24.600 денари за навреда на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, објави агенцијата „Анадолу“. Во судскиот процес, покренат од страна на турската амбасадорка Тулин Еркал Кара, Е.А., кој има и турско државјанство, е прогласен за виновен бидејќи преку својот профил на социјална мрежа користел изјави со кои го нарушил угледот на турскиот претседател Ердоган.
„Во одлуката се наведува дека обвинетиот во ноември 2016 година, преку својот профил на социјална мрежа ‘објавил иронични изјави и упатил навреди кон лидерот на една странска земја’“, пренесе турската агенција.
Ако не ја плати парична казна, осудениот Е.А. ќе мора да одлежи затворска казна.