ВО СОБРАНИЕТО ПРЕДЛОЖЕНИ ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ ЗА ДА МУ СЕ ЗАПРЕ ПЛАТАТА НА ГРУЕВСКИ

    ВО СОБРАНИЕТО ПРЕДЛОЖЕНИ ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ ЗА ДА МУ СЕ ЗАПРЕ ПЛАТАТА НА ГРУЕВСКИГруевски сѐ уште прима пратеничка плата од Собрание, намалена за 5 отсто секој месец. - Никола Груевски во Собрание (Фото: СДК.МК)

    Група пратеници од власта предлагаат измени на Законот на пратеници со кои се прецизира, односно се додава член, во кој е дефинирано во кој случај еден пратеник го губи правото на исплата на плата и други лични примања и надоместоци на трошоци. Предлог законот е ставен на дневен ред на денешната седница по скратена постапка.

    Неофицијално, овие измени се поднесуваат поради азилантот во Унгарија Никола Груевски, кој сѐ уште прима пратеничка плата од Собрание, намалена за 5 отсто секој месец. Со постојното решение во Законот за пратеници, не се предвидува ситуација во која пратеник го губи правото на плата.

    На Груевски, иако не присуствува на седниците, засега не може да му се одземе мандатот, бидејќи за тоа е потребно двотретинско мнозинство, а независните пратеници кои произлегоа од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и со кои власта дојде до двотретинско мнозинство за уставните измени, кажаа дека нема да гласаат за одземање на мандатот на осудениот експремиер.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира