В СРЕДА ДА СЕ ОТВОРАТ ЛЕТНИТЕ ТЕРАСИ НА КАФУЛИЊАТА И КАФЕАНИТЕ И ПОЛИЦИСКИ ЧАС ОД 21 ЧАСОТ, ПРЕДЛАГА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ

    В СРЕДА ДА СЕ ОТВОРАТ ЛЕТНИТЕ ТЕРАСИ НА КАФУЛИЊАТА И КАФЕАНИТЕ И ПОЛИЦИСКИ ЧАС ОД 21 ЧАСОТ, ПРЕДЛАГА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИВладата треба да реши и дали ќе бидат отворени летните тераси на угостителските објекти. (Фото: К. Попов)

    Комисијата за заразни болести предлага полицискиот час од среда, 28 април, да почнува од 21 часот и да трае до 5 часот, објави Државната агенција МИА. Комисијата ќе го достави предлогот до Владата, која за него треба да одлучи на седница.  Владата треба да реши и дали ќе бидат отворени летните тераси на угостителските објекти.

    Главниот координативен кризен штаб до Владата минатата недела предложи полицискиот час од 27 април до 15 мај да почнува од 21 часот, а угостителските објекти да ги отворат само летните тераси за гостите.

    Рестрикциите во движење и работа на угостителските објекти, кладилниците, хотелите беа донесени на 6 април поради сериозната ситуација со ковид-19 во однос на бројот на новозаболени и хоспитализирани пациенти.

    Вкупно ковид дијагностицирани досега се 150.588, од кои оздравени се 129.053, починати 4.677, а активни се 16.858.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира