ВО ВЕЛЕС ИМА ТРИ НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19, А НЕ 12 КАКО ШТО ОБЈАВИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО, ВЕЛИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЦЕВСКИ

    ВО ВЕЛЕС ИМА ТРИ НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19, А НЕ 12 КАКО ШТО ОБЈАВИ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО, ВЕЛИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЦЕВСКИ„Според добиените сознанија, во Велес има три нови случаи на ковид-19. Останатите во извештајот се од селата Црнилиште кавадаречко, Мустафино светиниколско, и скопски улици кои не постојат во Велес. Овој податок за 12 новозаразени во Велес ја вознемири јавноста и имаше многу реакции и јавувања“, рече градоначалникот Аце Коцевски; - Инфективното одделение на Велешката болница. (Фото: СДК.МК)

    Не 12 туку три нови случаи на ковид-19 има регистрирано од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) во Велес, го кригираат од велечкиот центар податокот што го објави вечерва Министерството за здравство. Во ЦЈЗ ивелат дека во Велес има и двајца оздравени.

    Градоначалникот Аце Коцевски, како командант на Штабот за заштита и спасување реагираше за бројката од 12 новозаразени што ја објави Министерството.

    „Според добиените сознанија, во Велес има три случаи на ковид-19. Останатите во извештајот се од селата Црнилиште кавадаречко, Мустафино светиниколско, и скопски улици кои не постојат во Велес. Овој податок за 12 новозаразени во Велес ја вознемири јавноста и имаше многу реакции и јавувања“, рече Коцевски.

    Реакции има и за објавената бројка оздравени: Институтот за јавно здравје регистрира 15 оздравени пациенти во целата земја, но од Центарот во Свети Николе велат дека само во овој град има 12 оздравени.

    На прашањето на што се должи разликата во евидентираните случаи, од Министерството за здравство ни одговорија:

    „Во денес објавените податоци за позитивни случаи во Велес, по завршување на епидемиолошките анализи утврдено е дека дел од позитивните случаи се жители на Свети Николе, што е под надлежност на ЦЈЗ Велес. Во утрешните статистики, соодветно ќе бидат евидентирани во бројот на вкупни и активни случаи во наведените градови. Во однос на бројот на оздравени, податоците се пристигнати, обработени и истите ќе влезат во утрешниот извештај на Институтот за јавни здравје (ИЈЗ)“.

    Како и претходните денови, и новите три случи во Велес се донесени од други соседни градови.

    „Има три случаи и тие се од лица велешани, но работат надвор од градот. Едната е жена вработена во Кавадарци, другиот е маж кој работи како патник во други градови и третиот случај е член на неговото семејство. Имаме и двајца оздравени, и двете лица биле на домашно лекување“, изјавија од Центарот за јавно здравје Велес.

    На Инфективното одделение од велешка болница има сместено 14 лица и сите потврдено позитивни. Повеќето од нив се од Свети Николе, Кавадарци, Неготино и само двајца од Велес.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира