ВОДАТА ВО КРИЗНИТЕ ПОДРАЧЈА ИСПРАВНА ЗА ПИЕЊЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ВОДАТА ВО КРИЗНИТЕ ПОДРАЧЈА ИСПРАВНА ЗА ПИЕЊЕ

    Центарот за санитарна контрола на ЈП Водовод и канализација – Скопје утврди дека водата во кризните подрачја е санитарно исправана вода за пиење. Стручни тимови на Центарот биле вонредно ангажирани во неделата. Земале примероци од водата за пиење од мерните места, кои ги опфаќаат кризните подрачја.
    „Резултатите од сите теренски мерења од аспект на механичко загадување (маснотија) и концентрација на резидуалниот хлор во системот беа во рамките на максимално дозволените концентрации, а лабораториските испитувања покажаа физичко-хемиска и микробиолошка исправност, согласно Правилникот за безбедност на водата за пиење. Тимови од Центарот и во текот на вчерашниот ден 08.08.2016 (понеделник) повторно ги посетија кризните подрачја и земаа примероци од вода за пиење. Првичните резултати од сите мерења укажуваат на санитарно исправна вода за пиење“, соопшти денес ЈП„Водовод и канлизација“
    Центарот за санитарна контрола во скопски „Водовод“ е задолжен за секојдневен мониторинг на водата за пиење од водоводниот систем на Град Скопје и утврдување на санитарната исправност на водата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари