ВОЕНАТА АГРЕСИЈА НА РУСИЈА ОДЗЕМА ИЛЈАДНИЦИ НЕВИНИ ЖИВОТИ, ПРОТЕСТ НА УКРАИЦИТЕ ВО ЗЕМЈАВА

    ВОЕНАТА АГРЕСИЈА НА РУСИЈА ОДЗЕМА ИЛЈАДНИЦИ НЕВИНИ ЖИВОТИ, ПРОТЕСТ НА УКРАИЦИТЕ ВО ЗЕМЈАВАРуската воена агресија врз Украина трае 3,5 месеци. (Фото: К. Попов)

    Здружението на Украинци во Македонија „Лесја Украинка“ денеска одржа мирен протест пред руската амбасада во Скопје. Со украински знамиња и транспаренти во рацете, Украинците кои живеат во земјава уште еднаш побараа да прекине руската воена агресија врз Украина.

    „Овој протест го организираме за да потсетиме на злосторствата извршени врз Украина и на одземените невини животи, вклучително и на деца“, рекоа од здружението „Лесја Украинка“.

    Руската воена агресија врз Украина трае 3,5 месеци односно од 24 февруари и досега загинаа илјадници цивили, а над 4 милиони се раселени низ Европа и Америка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира