ЗАБРАНА ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ НА ФУНКЦИОНЕРИ НА ВМРО-ДПМНЕ, НАЈАВУВА „ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ“

    ЗАБРАНА ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ НА ФУНКЦИОНЕРИ НА ВМРО-ДПМНЕ, НАЈАВУВА „ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ“

    Висок претставник на ЕУ вели дека западните земји ќе се ангажираат поагресивно против претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и други високи функционери доколку одлуката за амнестија на Иванов за политичари обвинети за измама и за корупција навистина се спроведе, пишува „Волстрит џурнал“.

    „Помеѓу можните казни поради одлуката, се забрана за патување во шенген-зоната за македонски политичари, повлекување на помошта за мигрантската криза и запирање на поддршката за евроатланската интеграција на државата. Македонија беше силен пример за демократска транзиција до 2000 година, а оттогаш нашироко се гледа дека владеењето се влоши. Официјални лица од Брисел веруваат дека амнестијата на претседателот Иванов била со намера да ја заштити контролата на власта од ВМРО-ДПМНЕ и кругот околу Груевски. Други дипломати во Скопје веруваат дека Иванов можеби дејствувал без одобрување од ВМРО-ДПМНЕ“, пишува „Волстрит џурнал“.

    Текстот вели дека помилувањето на политичарите обвинети за измама и за корупција предизвикало улични протести и поплаки од Европската Унија и од САД, истакнувајќи ја нивната загриженоста за назадување на демократското владеење во делови на Источна Европа.

    Според „Волстрит џурнал“, тензиите дошле во непријатно време за ЕУ, бидејќи унијата се потпира на малата поранешна југословенска земја да ја блокира Балканската бегалска рута.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари