ВОЗАЧКИ ИСПИТ ДА СЕ ПОЛАГА СО 17 МЕСТО СО 16 ГОДИНИ, ЌЕ РАСПРАВА СОБРАНИЕТО ПО СКРАТЕНА ПОСТАПКА

    ВОЗАЧКИ ИСПИТ ДА СЕ ПОЛАГА СО 17 МЕСТО СО 16 ГОДИНИ, ЌЕ РАСПРАВА СОБРАНИЕТО ПО СКРАТЕНА ПОСТАПКАКоординаторот на пратеничката група на СДСМ Томислав Тунтев е еден од предлагачите на законските измени за безбедност во сообраќајот. (Фото: СДК.МК)

    За возачка дозвола наместо со 16 ќе може да се полага со навршени 17 години. Ова е една од измените во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, за кои што пратениците денеска изгласаа дека ќе расправаат по скратена постапка.

    Со предложените решенија се зголемува старосната границата на децата за стекнување со право да полагаат возачки испит за „Б“ категорија на 17 години, а се брише критериумот тие да имаат одличен успех и примерно поведение.

    „Тоа не е критериум за полагање на возачки испит и претставува дискриминирачки критериум“, стои во образложението на предлог-измените.
    И за возење трактор, предложено е границата да се зголеми на 17 години.

    Измените, предложени од пратениците Томислав Тунтев, Мирсада Емини Асани, Јован Митрески, Горан Милевски, Јагода Шахпаска, Шпреса Хадри и Илија Николовски, предвидуваат на лицата над 70-годишна возраст да им се издава возачка дозвола со важност од три години, со задолжителни контролни здравствени прегледи. Досега ваква одредба важеше за лицата над 65 години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира