ВРАБОТЕН ВО УБК ГИ ИЗВЛЕКОЛ АУДИОСНИМКИТЕ И ТРАНСКРИПТИТЕ ОД ПРИСЛУШУВАНИТЕ РАЗГОВОРИ И ПРЕКУ ДРУГО ЛИЦЕ МУ ГИ ДОСТАВИЛ НА ЗАЕВ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ВРАБОТЕН ВО УБК ГИ ИЗВЛЕКОЛ АУДИОСНИМКИТЕ И ТРАНСКРИПТИТЕ ОД ПРИСЛУШУВАНИТЕ РАЗГОВОРИ И ПРЕКУ ДРУГО ЛИЦЕ МУ ГИ ДОСТАВИЛ НА ЗАЕВ

    Обвинителката од СЈО Фатиме Фетаи на прес конференцијата за истрагата што ја отвори специјалната обвинителка Катица Јанева под кодно име „Таргет“, објасни како дошле прислушуваните разговори до лидерот на опозицијата Зоран Заев, а потоа и до ова обвинителство.

    “Нелегалното прислушување било забележано од лице вработено во УБК кое прибавило дел од транскриптите и дел од аудио записите од незаконски следените комуникации. Потоа, ова лице ги предало на друго, кое му ги доставило на лидер на политичка партија. Потоа, тој материјалите му ги предал на Специјалното јавно обвинителство“, објасни Фетаи.

    На новинарско прашање, обвинителката од СЈО Ленче Ристовска одговори дека обвинителството нема докази за прислушување од странски служби и од жолти комбиња, како што тврдеше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и експремиер Никола Груевски.

    На прашање таа одговори дека лидерот на опозицијата Зоран Заев предал незаконски прислушувани разговори на 20.017 граѓани за периодот од 2008 до 2015 година, каде таргет биле 5.827 телефонски броеви, но на нив се налепиле над 14.000 граѓани кои разговарале со овие прислушувани броеви без судска наредба.

    Во случајот „Таргет“ осомничени се три раководни лица во УБК и седуммина вработени. СЈО смета дека нема опасност од бегство и можност за влијание врз истрагата од ниту еден од осомничените и затоа, засега, нема побарано мерки за претпазливост за никој од нив.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира