ВРАБОТЕНИТЕ ВО УЈП СО ПРОТЕСТ БАРААТ 30 ОТСТО ПОВИСОКИ ПЛАТИ

    ВРАБОТЕНИТЕ ВО УЈП СО ПРОТЕСТ БАРААТ 30 ОТСТО ПОВИСОКИ ПЛАТИВработените велат дека нивните плати не се зголемени 14 години и дека тоа е во спротивност со Законот за плати; - Од протестот во Тетово. (Фото: СДК.МК)

    Вработените во работните единици на Управата за јавни приходи во Скопје и во регионалните канцеларии денеска излегоа на протест и побараа зголемување на платите. Велат дека нивните лични доходи не се зголемени изминативе 14 години и дека тоа е во спротивност со Законот за плати.

    „Со овој протест сакаме да изразиме незадоволство бидејќи, како Управа, не сме опфатени во член 66 од Законот за буџет во кој стои дека има покачување на платите за 30 проценти. Бидејќи и ние сме во состав на Министерството за финансии, треба тоа покачување и на нас да ни се даде. За нашето барање ја информиравме и Управата на УЈП. Нашето барање е сосем оправдано, а е базирано врз статистичките податоци за покачување на чинењето на потрошувачката кошничка и сите други инфлациски параметри што се основ Синдикатот да бара, а тоа го предвидува и Колективниот договор, да се направи корекција на платите. Ние реално од 2009 година па до сега имаме само 5 посто покачување на платите. Ние толку години бевме трпеливи, но сега е крајно време во предвид да се земе и нашето барање за покачување на платите“, изјави Агрон Емини, повереник при синдикалната организација на УЈП во Тетово.

    Протестот траеше час и половина, од 10 до 11:30 часот, и се одржа пред работните простории на УЈП во Скопје, Тетово и другите регионални канцеларии.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира