ВРАЌАЊЕ НАЗАД НЕМА, ОДГОВОРНОСТ МОРА ДА ИМА, ВЕЛИ НУХИУ КОЈ ЌЕ ЈА УТВРДУВА ОДГОВОРНОСТА НА ЧАВКОВ

    ВРАЌАЊЕ НАЗАД НЕМА, ОДГОВОРНОСТ МОРА ДА ИМА, ВЕЛИ НУХИУ КОЈ ЌЕ ЈА УТВРДУВА ОДГОВОРНОСТА НА ЧАВКОВНухиу го разрешил Чавков и од шеф на оперативниот штаб во МВР и на негово место го ставил советникот Горанчо Савевски од Бирото за јавна безбедност. - Министерот Нухиу и неговиот помошник за односи со јавност Јован Ламановски на прес-конференција во МВР (Фото: СДК.МК)

    Министерот за внатрешни работи Агим Нухиу вели дека формирал работна група од професионалци во МВР која ќе ја утврдува одговорноста на Чавков и на структурите во МВР кои направиле пропусти во работата и не ги извршиле работните задачи за време на нападот во Собранието на 27 април. Заклучоците, рече Нухиу на прес-конференција, ќе бидат испратени до Јавното обвинителство за евентуално поднесување кривични пријави.

    Нухиу кажа и дека до Владата поднел предлог за разрешување на Директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков.
    „Враќање назад нема. Мора работите да се расчистат до крај. Секој ќе одговара што не постапил по својата законски утврдена должност и за непостапување и неизвршување на задачите за време на насилствата во Собранието во четвртокот”, рече на прес-конференција министерот Нухиу.

    Нухиу го разрешил Чавков и од шеф на оперативниот штаб во МВР и на негово место го ставил советникот Горанчо Савевски од Бирото за јавна безбедност.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира