ВРХОВНИОТ СУД СЕ ЖАЛИ ДЕКА СЈО ГО ИГНОРИРА, НО НЕ КАЖУВА ЗА КОЈ ПРЕДМЕТ

    ВРХОВНИОТ СУД СЕ ЖАЛИ ДЕКА СЈО ГО ИГНОРИРА, НО НЕ КАЖУВА ЗА КОЈ ПРЕДМЕТОд Врховниот суд велат дека СЈО „очигледно одбива да постапува по барањето на Врховниот суд на Република Македонија“. - Претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски по средбата со Јавниот обвинител Марко Зврлевски на 21 март. (Фото: СДК.МК)

    Претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски го обвини Специјалното јавно обвинителство дека одбива да одговори на Барање за информација за итен предмет, кое највисокиот суд го испратил во четвртокот. Вангеловски не кажува за кој предмет се работи.

    „Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија ја информира јавноста дека на 06.04.2017 година беше доставено барање за информација до Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Поради итниот карактер на доставеното барање, шефот на кабинетот на претседателот на Врховниот суд на Република Македонија оствари неколку телефонски разговори со шефот на кабинетот на кавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, од каде се уште нема одговор по поднесеното барање“, се вели во соопштението.

    Од Врховниот суд наведуваат и дека СЈО „очигледно одбива да постапува по барањето на Врховниот суд на Република Македонија“ , со што се одолговлекува постапката пред овој суд.
    СЈО најави реакција на соопштението на Вангеловски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира